Кој е трендот кај најголемите производители на смартфони од минатата година ? Претставување на прилично поголеми, скоро без рамка, со цена од 1000 долари и нагоре, смартфони.

Според неофицијални информации од кинескиот сајт MyDrivers, Sony ќе се приклучи на ова друштво претставувајќи го Xperia XZ Pro смартфонот идниот месец на MWC 2018.

Како што би очекувале, според најавата на почетокот од статијата, овој смартфон треба да чини околу 900 долари и во него да ги има вградено сите најнови достапни компоненти.

Па така, Sony Xperia XZ Pro би требало да дојде со 5,7 инчен OLED 4K екран со мали рамки само на горната и долната страна. Ќе работи на најновиот Snapdragon 845 чипсет, со 6GB RAM меморија и 128 GB простор за податоците.

Задната камера треба да биде двојна, со 18, односно 12 мегапиксели. Предната камера ќе дојде со сензор со 13 мегапиксели, што е одлично за љубителите на селфи.

CES 2018 ќе започне за нешто повеќе од еден месец, па немаме многу за чекање. На овој саем треба да биде претставен и Galaxy S9, па дефинитивно не очекува интересен период кога се во прашање смартфоните.

Извор: Android Authority, XDA Developers

Претходна статијаYouTube мануелно ќе ги прегледува видеата на кои ќе има реклами
Следна статијаGame of Thrones: Што ќе заврши попрво: книгите или серијата?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.