Sony оваа недела претстави нов смартфон која ќе ја надополни нивната понуда од средната класа. Наречен XA2, овој телефон доаѓа со одличен метален дизајн, голем 6 инчен IPS екран со резолуција од Full HD+, како и многу мали рамки од страните на екранот.

Како што е веќе нормално, средната класа ги вклучува повеќето карактеристики од високата класа, која останува да има предност со резолуцијата на екранот, како и процесорот, а со тоа и перформансите.

Sony Xperia XA2 доаѓа со Snapdragon 630 чипсетот, а нуди и избор од две варијанти за меморијата на уредот. Па така, корисниците ќе може да изберат варијанта со 4 GB RAM меморија и 32 GB простор за податоци, како и варијанта со 6 GB RAM меморија и 64 GB простор за податоци.

Телефонот на задната страна има сензор за отпечатоци којшто е поставен под камерата која има сензор од 23 мегапиксели. Навикнати да гледаме двојни камери кај уредите, а полека и тројни, па ова е онака убаво освежување за пазарот. Инаку, покрај тоа што камерата не е двојна, сепак доаѓа со одредени можности кои се овозможуваат софтверски, како на пример можноста за заматување на позадината.

Предната камера е со 8 мегапиксели и широк агол на сликање, неопходно за добро селфи. Двете камери се очекува да имаат одлични перформанси, сепак се работи за сензор од Sony.

Батеријата на XA2 е со одличен капацитет од 3.580 mAh, што во комбинација на штедливиот процесор од средната класа, како и резолуција не поголема од Full HD, може да се очекува полнење на уредот само еднаш во текот на еден ден.

Телефонот ќе дојде со најновата верзија од Android оперативниот систем, односно 8.0 Oreo, а се очекува и надградба на Android P идната година.

Она што од Sony посебно го истакнуваат е нивната Hi-Res Audio технологијата која треба да овозможи одлично искуство при слушање на музика или други „звуци“. Ова треба да е случајот без разлика дали се слуша од самиот уред или преку Bluetooth на некој надворешен звучник.

ИЗВОРSony
ИЗВОР 2Digital Trends
Претходна статијаMicrosoft Teams доби бесплатна верзија со што станува посериозна конкуренција на Slack
Следна статијаMicrosoft бара од американскиот конгрес да започне со регулација на употребата на технологијата за препознавање на лицата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.