Етаблираните производители навистина се обидуваат да направат допадливи смартфони за купувачите со поплиток џеб, но вистината е дека кинеските производители се подобри во овие класи. Доказ за тоа е новиот Xperia L1 на Sony, кој освен ако не чини под 200 долари, реално не е вреден за особена препорака.

Не дека не изгледа добро – Sony отсекогаш знаел да направи допадливи смартфони (и секакви други продукти) и L1 не е исклучок во оваа традиција. Сепак, изработката е од пластика, па не очекувајте дека ќе делува луксузно во рака, а ниту дисплејот нема да изгледа луксузно – има големина од 5,5 инчи и само HD резолуција, која е особено растегната на толкав дисплеј.

Перформансите ќе бидат само просечни – процесорот е MediaTek со четири јадра на 1,4 GHz, помогнат од 2 GB рам меморија и 16 GB простор со можност за проширување преку micro SD картичка. Камерите се солидни на хартија – задната има 13 мегапиксели, додека предната има 5 мегапиксели. Сепак, батеријата е прилично мала за толку голем смартфон (само видете ја рамката околу дисплејот) – има само 2.620 mAh.

Sony Xperia L1 доаѓа со вграден Android Nougat 7.0, што е одлична вест, а се полни и преку новиот USB Type-C приклучок, има NFC и 4G поддршка. Цената сѐ уште не е позната, но се надевам дека ќе чини околу 10.000 денари, колку и што треба да чини еден смартфон со вакви спецификации, макар и бил од Sony.

Извор: TechnoBuffalo, TechRadar, GSMArena

Претходна статијаЧиповите од Snapdragon 200 серијата стануваат Qualcomm Mobile
Следна статијаКинескиот електричен автомобил Hybrid Kinetic H600 нова конкуренција на Tesla