Sony-C4

Селфи фотографиите земаат се поголем замав и веќе и нема човек кој не ги прави. Многу производители се обидоа да направат модели со кои ќе се обидат да ги задоволат потребите на таквите корисници, но со помал успех. Sony Xperia C4 донесува неколку новитети, како блиц во предната камера од 5 мегапиксели и солидни спецификации.

Големината на екранот е 5,5 инчи, со Full HD резолуција од 1920х1080 пиксели, исто како кај iPhone 6. Како и секој Sony Xperia телефон и овој дисплеј е опремен со Bravia технологијата за пореални и поживи бои. Во внатрешноста се наоѓа 64-битен Mediatek процесор со осум јадра, како и 2 GB рам меморија и 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување со micro SD картичка. Батеријата има капацитет од 2600 mAh, што е веројатно малку за телефон со 5,5 инчен екран.

Sony-C4-2

Но кај Xperia C4, главниот адут му се камерите. Задната камера има 13 мегапиксели и според тоа што сме го виделе досега од овој сензор на Sony, треба да вади прилично добри фотографии. Селфи камерата пак има 5 мегапиксели и блиц, како и широкоаголем објектив од 25 mm, кој ќе се погрижи лесно да ги фатите и своите пријатели при сликањето на селфи фотографијата. И двете камери се опремени со специјален HDR мод (High Dynamic Range), кој се подесува според надворешната осветленост.

Селфи телефонот на Sony е опремен со Android Lollipop 5.0 оперативен систем, со лесен скин од Sony. Смартфонот доаѓа и со карактеристичниот Sony дизајн со заоблени рабови, а ќе се нуди и во 3 различни бои. Цената засега не е позната, но се очекува да биде во рамките на средната класа.

Sony-C4-3

Извор: CNet

Претходна статијаSwarm за Windows Phone со поддршка за системот за приватни пораки
Следна статијаПрвата македонска апликација за повикување на такси, CLAXI отсега и во Велес