xperia-z2-hero-white

Xperia Z2 е најновиот модел предводник во класата претставен од страна на Sony на годинешниот MWC 2014 настан. Тој доаѓа како наследник на Xperia Z1 моделот претставен пред околу 6 месеци и Xperia Z моделот претставен пред 1 година. Како телефон од високата класа, Z2 влегува во конкуренција со моделите како новиот Galaxy S5 од Samsung, како и новиот LG G PRO 2.

Xperia Z2 претставува средно надградување од претходниот модел, што не е чудно со оглед на краткото време поминато од неговото претставување. Доаѓа со нешто поголем екран кој што сега е со големина од 5,2 инчи и е направен во соработка со одделот за Bravia телевизорите во Sony, со што ја вклучува истата TRILUMINOS технологија. Екранот доаѓа со Full HD резолуција со 1920 x 1080 пиксели и густина на пикселите од 424 ppi. Xperia Z2 е првиот мобилен телефон кој што работи со новиот Snapdragon 801 четири јадрениот процесор од Qualcomm кој што работи на 2,3 GHz, односно Krait 400 процесор и Adreno 330 графички процесор. Телефонот доаѓа со 3 GB RAM меморија, како и со 16 GB надворешна меморија со поддршка на SD картички до 64 GB. Оперативниот систем на кој што работи Z2-ката е Android 4.4.2 KitKat, односно најновата верзија достапна во моментот.

xperia-z2-gallery-04-amazing-display

Xperia Z2 доаѓа со истата камера со 20,7 мегапиксели, меѓутоа со нова можност, односно поддршка за снимање на видео во 4K резолуција. Сепак екранот на телефонот иако одличен, доаѓа со Full HD резолуција, па снимените видеа нема да може да се види како навистина изгледаат во нивната снимена резолуција.

xperia-z2-gallery-05-waterproof-super-durable

Дизајнот на Z2 го задржува стилот на досегашните модели од оваа серија, па истиот вклучува алуминиумска рамка околу телефонот, како и стакло на предната и задната страна. Како и претходните модели, Z2 е водоотпорен и го задоволува IP58 стандардот и има можност за потопување до 1 метар вода во времетраење до 30 минути.

Претходна статијаСлики од позадини на Start екранот во Windows Phone 8.1
Следна статијаLenovo Yoga Tablet 10 HD+ претставен на MWC 2014
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.