Јас веднаш би го дал одговорот на прашањето дали ни е потребна рам меморија од 10 GB. Се разбира дека не. Меморијата која ја имаат смартфоните во последно време може во главно да се препише на маркетинг секторот, а посебно над 6 GB.

Кинескиот производител Oppo кој го претстави одличниот Find X, веќе доаѓа со повеќе од доволни 8 GB RAM меморија. Тие и покрај тоа, имаат сертифицирано нова варијанта од Find X која ќе има 10 GB RAM.

Сигурно знаете дека рам меморијата е таа која е задолжена за работата на повеќе апликации во исто време, кратко и едноставно кажано. Со оглед на тоа што на компјутерите поминуваме и со 4 до 6 GB RAM меморија, а може да се каже дека користиме и повеќе и посилни апликации, тогаш јасно е дека 10 GB на мобилен телефон се само за маркетинг цели.

Сепак, добро е да се знае дека технологијата напредува во тој правец, па како што се повеќе ги користиме нашите мобилни уреди како главни, тие со тек на време ќе стигнат и до нивото кога 10 GB RAM меморија, нема да биде толку многу и непотребно.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаFacebook ги користи сите можни информации до кои може да дојде за прикажување на реклами
Следна статијаДигиталната трансформација е двигател на економскиот раст на земјите од Западен Балкан
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.