Google најави дека „Нешто големо доаѓа во Pixel универзумот“ на 7 мај за време на нивната Google I/O конференција. Ова се смета како датата кога од компанијата ќе претстават дополнителни и поевтини модели од Pixel серијата, наречени Pixel 3a и Pixel 3a XL.

Неофицијалните информации говорат дека Google планира да претстави таканаречени „лајт“ верзии од своите Pixel телефони, нешто што повторно стана тренд на пазарот. Со покачувањето на цените кај телефоните од Google, логично е да од компанијата сакаат повторно да им станат подостапни на корисниците кои сакаат да платат помалку, а овој дел од пазарот има и доста конкуренција.

Овие уреди, за кои најверојатно ќе дознаеме се што треба на 7 мај, треба да бидат од средната, односно средно високата класа. Тоа значи дека ќе дојдат со нешто послаб процесор, но сепак одличен екран и за Pixel уредите познатата камера.

Познатиот Еван Блас, како и секогаш, објави слика на која е прикажан Google Pixel 3a, па уште сега можеме да добиеме претстава што да очекуваме.

Како што се гледа од сликата, Google ќе даде значење на перформансите на уреди, изгледа, а другите карактеристики кои ги имаат конкурентите, како заоблени страни, исечоци или дупка на горниот дел од екранот, нема да ги има.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаКоја е македонската иновација која го освојува кинескиот пазар
Следна статијаOnePlus 7 телефоните ќе бидат претставени на 14 мај со настани во три градови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.