Nokia телефоните порано важеа за едни од најдобрите кога е во прашање нивната камера. Тие беа и првите кои почнаа да претставуваат телефони со повеќе мегапиксели, иако не секогаш тоа е мерка за квалитетот, но да не навлегуваме во друга тема.

Според неофицијални информации кои секогаш излегуваат пред официјалното претставување на некој уред, Nokia, односно HMD Global, планираат претставување на уред со 5 камери на задната страна.

Моментално „рекордот“ во бројот на камери го има Huawei, со три камери на задната страна кај нивниот P20 Pro смартфон.

Кои би биле точно предностите на 5 камери, не е уште познато, а обично поголемиот број на камери се користи за секоја од нив да придонесе за некоја предност, како зумирање, широк агол, можност за сликање во темни услови и слично.

Она што се гледа од сликата е дека камерите, односно леќите се направени од Carl Zeiss, „стар“ соработник на Nokia. Тие исто така се наредени во еден вид на круг, што дефинитивно ќе креираат уред со нестандарден изглед.

Nokia 10 е телефонот за којшто се очекува дека ќе ги има 5те камери, односно дека е прикажан на сликата. Овој уред исто така се очекува да биде од највисоката класа, со соодветни компоненти во него.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGoogle ќе ја претстави третата генерација од Pixel смартфоните на 9 октомври
Следна статијаПромотивна понуда за новите корисници на Неотел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.