Evan Blass

Samsung ќе го претстави Galaxy Note 9 за околу три недели од сега, односно на 9 август. За овој уред веќе можевме да прочитаме повеќе информации, па слободно може да се каже дека знаеме што да очекуваме.

Според досега видените информации, Galaxy Note 9 ќе го задржи изгледот на минатогодишниот Note 8, меѓутоа не без неколку помали, но важни промени. Главната од нив ќе биде преместувањето на сензорот за отпечатоци на повеќе погодната позиција под камерите, со што ќе се олесни неговото погодување, но и ќе се заштити камерата од случајни допири и замрсување.

Оваа поставеност на задната страна може да се каже дека е потврдена и точно прикажана на слика за медиумите, предвреме објавена од страна на познатиот Еван Блас, повеќе познат по неговиот Twitter корисник, @evleaks.

Од сликата може да се потврди и најавата дека новото S Pen пенкалце по кое е позната Note серијата, ќе биде унапредено и ќе има многу повеќе функции од досегашните. S Pen во Note 9 ќе дојде со Bluetooth конекција, со што ќе се овозможат повеќе нови функции, како контрола на музиката со пенкалцето, сликање со камерата и многу повеќе.

Пенкалцето на сликата е направено во златна боја со син врв, меѓутоа не сме сигурни дали тоа ќе биде направено баш во тие бои или само се истакнува на сликата на ваков начин.

ИЗВОРBGR
Претходна статијаApple ги замени сликите од своите директори на нивната страна со Memoji слики
Следна статијаЕвропската Комисија го казни Google 4,34 милијарди евра за прекршување на антимонополски правила со Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.