Lumia930_1_Print

Windows 10 оперативниот систем кој што треба да биде достапен за корисниците идната година треба да биде направен на иста основа за сите видови на уреди. Тоа значи дека и Windows Phone ќе биде дел од оваа надградба и наредната верзија од овој оперативен систем ќе биде наречена Windows 10.

Главното прашање, покрај се разбира тоа за карактеристиките, кое што ги интересира корисниците на овој оперативен систем е дали ќе можат да го надградат на новата верзија кога истата ќе биде достапна. Ова е посебно важно поради фактот што има повеќе модели кои што работат на Windows Phone од различни производители.

На прашање од корисник на Lumia профилот на Twitter, одговорот даден од овој официјален профил е дека сите Lumia уреди кои што работат на Windows Phone 8 ќе можат да бидат надградени на Windows 10 кога ќе излезе за корисниците. Ова се разбира се’ уште не може да се земе како 100% сигурна информација, посебно затоа што иако пишува сите уреди, не се дадени повеќе детали.

Сепак, надградбата на Windows Phone 8 на Windows 10 е нешто што има поголеми шанси да биде случај за повеќето уреди. Ова е во споредба со надградбата на Windows Phone 7 уредите на Windows Phone 8, нешто што не беше овозможено за корисниците поради техничко објаснување кое што не направи многу разлика кај корисниците.

Инаку повеќе информации за како ќе изгледа Windows 10 на телефоните, како и дали и кои нови функции ќе ги вклучува не беше дадено со претставувањето на десктоп верзијата од оперативниот систем. Тоа се очекува за почетокот на идната година кога е можна достапност и верзија преку Preview for Developers програмата.

Извор: Windows Central, The Verge

Претходна статијаSamsung го претстави Flow, систем за синхронизација на активностите помеѓу уредите
Следна статијаUS Marshals вршат скенирање на телефони со лажни базни станици монтирани на авиони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.