Кинескиот премиум бренд OnePlus наскоро треба да го претстави својот нов знаменосец 5T, кој според информациите кои ги имавме досега треба да има издолжен 6 инчен дисплеј со 18:9 сооднос и помали рамки околу него, како што всушност имаат скоро сите други смартфони од високата класа. Сега, благодарение на отпакувањето на германскиот ZDNet, ги имаме и првите фотографии од овој смартфон.

На фотографиите може да се види дека освен помалата рамка околу издолжениот дисплеј, новиот 5T ќе ги следи дизајнерските линии на OnePlus 5. Ова и не е премногу лоша работа, бидејќи досегашниот знаменосец на компанијата изгледаше прилично допадливо, со изглед на вистински премиум телефон. Единствена забележителна разлика е што “Home” копчето веќе ќе го нема во предниот дел, односно читачот за отпечатоци ќе биде вграден позади.

Спецификациите ќе останат скоро подеднакви на OnePlus 5, односно во внатрешноста ќе биде вграден Snapdragon 835 процесор, помогнат од 8 GB рам меморија, 128 GB простор и батерија од 3.300 mAh, Назад камерата ќе биде двојна, исто како кај OnePlus 5, а на телефонот ќе биде вграден и 3,5 mm излез за слушалки, што е одлична вест.

OnePlus 5T ќе биде претставен на 16 ноември, кога кинеската компанија ќе ни ги открие сите останати детали за овој смартфон, исто како и цената, која очекуваме повторно да биде достапна, односно во рангот на 500 евра, што е значително помалку од конкуренцијата во високата класа.

Извор: TechnoBuffalo, Android Police, Firstpost

Претходна статијаКина гради полициска станица целосно управувана од Вештачка Интелигенција
Следна статијаGoogle го подобрува врзувањето на фотографиите во Street View