Чекавме да производителите како Samsung почнат да користат сензор за отпечатоци под екранот, покрај поради практичноста и поради тоа што тие го користат повеќе безбедниот и понапреден ултра звучен сензор. Другите производители кои дотогаш имаа вклучено вакви сензори беа оптички, што значи дека тие можат многу лесно да бидат излажани со слика и слично.

Сепак, сензорот за отпечатоци кој е произведен од Qualcomm и се користи кај S10 и Note10 моделите од Samsung се покажа дека има еден пропуст којшто може да преставува сериозна закана за приватноста и безбедноста на податоците на нивните корисници.

Во основа, доколку се користи заштитна фолија направена од силикон, било кој отисок, односно било кој може да го отклучи телефонот. Очигледно материјалот некако влијае на препознавањето на прстот, но изгледа дека пропустот е во тоа што сензорот одлучува да го отклучи телефонот поради некоја причина.

Од Samsung го имаат потврдено овој пропуст и истакнуваат дека веќе работат на исправка и дека истата ќе им биде пуштена на корисниците преку надградба. Тие исто така истакнуваат дека корисниците треба да користат официјални додатоци за нивните уреди, а не да ги купуваат од било каде.

Пропустот првпат беше потврден од страна на порталот The Sun на кои им било пријавено што се случува, а корисниците кои го пријавиле случајот имаат направено видео за истото, а можете да го погледнете на страната од The Sun на линкот подоле.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2The Sun
Претходна статијаSamsung веќе ја развива втората генерација од Galaxy Fold која наводно ќе ја претстави идната пролет
Следна статијаА1 Македонија го реализираше првиот повик на 5G технологија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.