Сега кога Galaxy Fold е повторно достапен и неговите нарачки се очекуваат веќе овој месец, Samsung сака да стави до знаење дека покрај тоа што сите „проблеми“ кои ги имаше уредот се „испеглани“, корисниците може да очекуваат и одлично корисничко искуство од страната на софтверот.

Тоа значи дека оперативниот систем, но и апликациите кои се користат, ќе бидат добро прилагодени за начинот на работа на Galaxy Fold. За потсетување, Galaxy Fold доаѓа со два екрани, едниот помал кој се користи кога уредот е преклопен, односно се користи како мобилен телефон. Вториот екран е поголемиот, односно тој којшто се превиткува и е тука да се користи како таблет.

Galaxy Fold овозможува да работата која е започната на едниот екран, незабележливо се продолжи со отворање на вториот, односно со едноставно прилагодување на апликацијата на таа големина и формат на екран.

Од Samsung информираат дека тие соработуваат со своите партнер, како Google и програмерите на некои од најпознатите апликации со цел тие да функционираат како што треба на нивниот уред.

Google веќе воведе и посебна поддршка во Android 10 за уреди со екрани кои се превиткуваат, односно можноста на апликациите да ја менуваат својата големина и слично.

Повеќето познати апликациите како тие од Facebook, Microsoft, Twitter и слични, се очекува да функционираат без никакви проблеми на Galaxy Fold.

Од Samsung истакнуваат дека тие имаат и тест лаборатории во повеќе градови во светот, каде програмерите ќе можат да добијат поддршка за тестирање на нивните апликации.

Galaxy Fold се очекува веќе од идниот месец да се најде во рацете на купувачите, па ги чекаме и новите рецензии од страна на американските портали кои први ќе имаат шанса да го користат овој уред.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.