Samsung денеска официјално ќе го претстави Galaxy Note10. Unpacked настанот ќе се одржи во Њујорк во 22:00 часот според македонско време и како и секогаш ќе може да се гледа во живо. За да го гледате настанот најдобро е да отидете на овој линк – https://www.samsung.com/mk/ – од каде што ќе можете да го гледате видеото.

Како што веќе одамна е нормално, претставувањето на уредите е само една „формалност“ која ги потврдува дотогаш пуштените неофицијални информации, а еве е сега на часови пред настанот имаме уште една „тура“ од нив.

Овие информации доаѓаат од промотивни материјали до кои имаат дојдено од порталот DroidLife и ни ги потврдуваат досегашните информации кои веќе ги имавме.

Првата потврда е за тоа дека Note10 оваа година ќе дојде во две варијанти. Едната, наречена стандардно Galaxy Note10 ќе дојде со 6,3 инчен екран. Новина е претставувањето на „плус“ варијанта и кај оваа серија, па оваа година ќе има и Galaxy Note10+ којшто ќе има прилично голем екран со 6,8 инчи.

Како што би се очекувало, Samsung ќе го користи Infinity-O екранот којшто го користи и кај S10 уредите, екран којшто има многу мали рамки, а предната камера ја содржи само во една дупка, а остатокот е екран.

Од сликите се гледа дека Note10 ќе има уште помали рамки од S10, а исто така нема да има две предни камери си што просторот за камера ќе биде доволно мал за да не пречи.

Тоа што може да се види друго од промотивните материјали е дека S Pen ќе дојде со нова функција наречена „air gestures“ која ќе овозможи одредени работи да се прават без потреба од тоа да пенкалцето допира на екранот. S Pen исто така стандардно ќе може да ја контролира камерата, музиката и слично.

Она што дополнително ќе биде одлично кај новите Note10 уреди е брзото полнење на батеријата кое и во промотивните материјали најавува дека само неколку минути ќе овозможат повеќе часови на користење.

Од промотивните материјали може да се види и дека Note10 ќе има функција наречена „Audio Zoom“ која ќе ги насочува трите достапни микрофони во делот од видеото кое ќе биде во видното поле, односно во центарот на снимањето.

Според DroidLife Note10 ќе се продава по цена од 949 долари, додека новиот и поголем Note10+ по цена од 1.099 долари.

ИЗВОРDroidLife
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаИстражувачи од Бостонскиот Универзитет развија материјал којшто ги блокира поголемиот дел од звуците
Следна статијаLG преку кратко видео го најавува претставувањето на нивниот нареден смартфон за 6 септември на IFA 2019
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.