Unpacked настанот на којшто ќе бидат прикажани новите Galaxy S9 и S9+, ќе се одржи на 25 февруари, односно во недела, пред почетокот на MWC 2018 саемот за мобилна технологија. Како и обично, овој настан ќе може да се следи во живо преку YouTube страната на Samsung.

За овој настан Samsung пушти нова апликација во Play Store наречена Unpacked 2018. Описот на истата укажува дека таа е наменета за учесниците на настанот, а преку неа ќе можат да се регистрираат за учеството, како и да ги добијат потребните информации.

Она што нас во овој момент не заинтересира од апликацијата е откритието што го направи Reddit корисникот /u/thesbros. Апликацијата на учесниците на настанот ќе им овозможи гледање на новите S9-ки преку проширена реалност со скенирање на QR код на самиот настан.

Моделите од S9-ките кои успеал да ги најде и рекреира /u/thesbros ни даваат финален поглед на уредите пред нивното официјално претставување.

Од нив може да се види дека изгледот на уредите ќе биде скоро идентичен со минатогодишните, а промени ќе има само во поставеноста на сензорите и камерата. Исто така, се верува дека S9 ќе доаѓа со систем од двојни звучници со што корисниците ќе може да имаат стерео звук при гледање на аудио и видео содржина.

Сликите од уредот се во продолжение, а сите можете да ги видите на XDADevelopers страната.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2XDADevelopers
Претходна статијаСимулација одреди кои се шансите Tesla Roadster-от да се врати на планетата Земја
Следна статијаИднината на нашата приватност е застрашувачка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.