Galaxy S10 би требало да биде уредот во којшто Samsung конечно ќе вгради сензор за отпечатоци под екранот. Со тоа ќе се овозможи повторно корисниците да го отклучуваат нивниот телефон „удобно“ со палецот на предната страна, со што се олеснува целиот процес и овозможува повеќе природна позиција на раката при користење на уредот.

Веќе можевме да прочитаме информации дека Samsung дефинитивно ќе вгради ваков сензор во два нивни модели од S10, како и тоа дека овој пат ќе има и трет помал модел, нешто слично на mini моделите од порано. Оваа информација прво стана достапна на порталот The Bell, а оваа недела истата ја потврдува и познатиот Минг-Чи Куо.

Она што е заедничко за сите овие информации, како и најновите информации за разговор на главниот на мобилниот сектор во Samsung, е тоа дека Galaxy S10 дефинитивно ќе има сензор за отпечатоци по екранот.

Она што ја први оваа најава уште поважна е типот на технологија која ќе ја користи Samsung за овој сензор. Па така, наместо оптички сензор, како што се користи во досега претставените смартфони со сензор под екранот, Samsung ќе користи ултрасоничен сензор.

За овој вид на сензор се истакнува дека е побрз, но исто така не зависи од чистотата на екранот. Овој сензор исто така може да се користи и за други намени, како на пример мерење на пулсот.

Samsung Galaxy S10 треба да биде претставен во февруари идната година, па сепак има уште доста време, како и уште многу неофицијални информации додека ги видиме новите уреди од компанијата.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.