Јас лично сметам дека Samsung нема потреба да почне да ја следи конкуренцијата и да претстават телефон со исечок на горната страна. Нивните уреди се доволно уникатни и тие се првите кои го започнаа стилот кој моментално го користат во нивните S8, Note 8 и S9 модели (претходните модели не ми се допаѓаа како овие). Според мене, додека технологијата не овозможи уред без никакви рамки околу екранот, Samsung е подобро да си се држи со минималните рамки на горната и долната страна.
Тоа можеби и ќе биде случајот, сепак, информациите за телефон со исечок на горната страна доаѓаат од поднесен патент од компанијата, а знаеме дека повеќето патенти не завршуваат во некој реален производ.
Како и да е, интересно е да видиме како би изгледал еден ваков уред од компанијата, но и таков без никакви рамки околу екранот, за што исто така од компанијата имаат поднесено патент.
Дечките од TechnoBuffalo заедно со дизајнерот Бен Гескин изработија концепт на вакви уреди од Samsung врз основа на информациите кои се достапни во патентите.
Сликите се во продолжение, а слободно пишете го вашето мислење на оваа тема.