Samsung случајно објави промотивно видео за Galaxy Note 9

Видеото кое набрзо беше тргнато, го прикажува изгледот на уредот, а потврдува уште неколку досега неофицијални информации

Samsung на помалку од една недела пред официјалното претставување на новиот Galaxy Note 9, по грешка објави, па тргна, промотивно видео за овој уред.

Од видеото може да се види дизајнот на Note 9, односно новата позиција на сензорот за отпечатоци на задната страна, под камерата, што се смета за многу подобро решение од минатогодишното до камерата.

Во видеото исто така се гледа новото S Pen пенкалце за кое се истакнува дека е подобрено, а неофицијалните информации најавуваат Bluetooth поддршка, а со тоа и можност за контрола на одредени функции на уредот.

Во видеото исто така се најавува батерија која ќе може да издржи цел ден, што укажува за неофицијално најавената батерија со капацитет од 4.000 mAh. Ова е одлична новост кај Note 9 и ќе им овозможи на корисниците многу поретко полнење на телефонот.

Уште една работа која е потврдена со видеото е капацитетот за податоци од 512 GB, како и поддршка за картичка до 512 GB, со што уредот би добил вкупно простор од 1 TB. Дали е тоа потребно во ова време на cloud сервиси, не сум сигурен, меѓутоа има корисници на кои ова им е повеќе од потребно.

Претходна статијаApple достигна пазарна вердност од 1 трилион долари
Следна статијаHuawei ја достигна втората позиција со продажба на паметни телефони во глобални рамки, а локалниот пазар порасна за 43%
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.