Shutterstock.com

Ова не е првпат да се прочита за ваква информација, меѓутоа изгледа за истата се размислува повеќе години. Овој пат информацијата доаѓа од извори на Еван Блас, познат како evleaks, којшто верува дека се веродостојни.

Според него, Samsung размислува да ги спои двете сега посебни серии, Galaxy S и Galaxy Note, во една серија која што може да биде наречена „Galaxy One“. Оваа серија би била претставувана на местото на S серијата на почетокот од годината, со што ќе остане празен простор од Note во есен.

Отворениот простор во есен би требало да биде покриен со Galaxy Fold уред кој слободно може да се каже има доволно разлика од другите серии, нешто што порано можеше да се каже и за Note серијата.

Ако некогаш би имало време кога двете порано прилично различни серии се спојат, тоа дефинитивно е идната година. Сличноста на уреди од S и Note серијата е се поголема, по покрај S Pen пенкалцето, нема уште нешто посебно многу што ја разликува Note серијата за да го задржи можеби својот примат на премиум серија.

Galaxy Fold сега влегува во таа категорија, па Samsung повторно ќе има уред којшто може да го насочи кон „посилните“ корисници.

Секако оваа информација е неофицијална, а истата кажува дека за ова се размислува во Samsung, па останува да видиме што ќе се случува идната година, но ја верувам дека ова некогаш сигурно ќе се случи.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.