На почетокот од овој месец можевме да прочитаме дека Samsung спрема нова серија на смартфони која ќе се продава под брендот Galaxy M. Оваа серија треба да биде од пониската класа и да ги спои J и сличните класи во една.

Дека шпекулациите биле точни потврдија од Samsung официјално најавувајќи ја оваа серија која ќе почне да се продава во Индија од 28 јануари. Како што се очекуваше, се работи за уреди од пониската класа кои на почеток ќе бидат составени од 2 или 3 модели, Galaxy M10, M20 и/или M30.

Повеќе информации за овие уреди се’ уште не се достапни, па повеќе ќе дознаеме за две недели кога ќе бидат пуштени во продажба.

Она што привлече внимание кога излезе неофицијалната информација беше исечокот на горниот дел од екранот, нешто што се веруваше дека е грешка, поради тоа што Samsung досега не се “приклучи” на овој тренд од 2018.

Сепак, неофицијалната слика не била грешка, па најверојатно поради индискиот пазар и конкуренцијата од кинеските производители, Samsung се решаваат оваа класа да дојде со ваков екран, наречен Infinity-V.

За разлика од повеќето исечоци кај конкурентите, Galaxy M има многу мал исечок којшто зазема само еден мал дел од средината на екранот, а со право се нарекува дека е во форма на “солза”.

Galaxy M ќе се продава во соработка со Amazon India, а дали ќе биде достапен и во остатокот од светот, сега за сега не е познато, па изгледа ќе зависи од интересот на корисниците.

ИЗВОРIndia Today
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаКако би изгледал уредот од Microsoft на преклопување
Следна статијаПаметна кошничка го решава проблемот со редици во супермаркетите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.