Samsung Unpacked 2015-970-80

Како што можевме да прочитаме минатата недела, Samsung ќе го претстави својот нареден Galaxy телефон на 1-ви Март. Тоа ќе го направи на нивниот веќе традиционален настан наречен Unpacked, кој што оваа година е наречен Galaxy Unpacked 2015, а го носи и слоганот What’s next.

Како и обично, поканата открива само малку од тоа што треба да биде претставено, доволно колку да ги продолжи шпекулациите кои што се веќе нормален дел пред претставувањето на било кој производ. Се разбира, она што се очекува е претставување на Galaxy S6 кој што треба да ја врати популарноста на Samsung, која што е во опаѓање по претставување на неговиот претходник.

Шпекулациите исто така најавуваат можност за претставување и на посебен модел кој што ќе вклучува заоблен екран. Таков беше случајот со претставувањето на Note 4 кој што дојде и во Edge верзија.

Доколку се погледне сликата на поканата, дефинитивно може да се каже дека таа укажува на претставување на модел со заоблен екран. Останува да се види само дали од Samsung ќе решат да претставен еден главен модел со заоблен екран или ќе бидат претставени двата очекувани модели.

Што се однесува до шпекулациите околу карактеристиките на S6-ката, тие покажуваат дека тој треба да дојде со 64-битниот осум јадрен Exynos 7420 процесор, како и 4GB RAM меморија. Моделите ќе почнуваат со простор за складирање од 32GB, па нагоре. Екранот на S6 треба да биде 5,5 инчен, но поновите информации кажуваат дека тој може да биде и помал со 5 инчи.

Без разлика на неофицијалните информации, штом официјалниот настан е закажан, може само да чекаме и да видиме што ќе биде претставено.

Извор: The Verge, Cnet, TechRadar

Претходна статијаsmrtGRiPS – Indiegogo кампања за паметни рачки за велосипед
Следна статијаUber и Google стануваат сериозни конкуренти
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.