samsung-foldable-tablet

Технологијата иако има напреднато многу во изминатите децении, сепак останува уште малку за да може да почнеме да гледаме уреди кои што се превиткуваат и со тоа ни овозможуваат менување на формата на истиот.

Со оглед на презентираните концепти изминатите години, како и добиените патенти и неофицијалните информации, можеме да очекуваме вакви уреди во годините што следат. За Samsung веќе одреден период се говори дека работат на одреден концепт кој што ќе овозможи одредена флексибилност на уредите, а овој месец тоа е потврдено со патент одобрен на компанијата од страна на Корејскиот завод за интелектуална сопственост. Барањето за патентот е поднесено уште во 2013 година, но сепак неговото одобрување не значи и дека одреден уред е веќе во изработка.

Како и да е, може да очекуваме дека во наредните години некоја од компаниите ќе претстави ваков уред, а од патентот можеме да добиеме одредена претстава како тоа го замислуваат од Samsung.

Уредот прикажан на патентот е составен од флексибилен екран кој што е основа за можноста за преклопувањето кое што треба да биде овозможено на две места, односно содржи два раба за преклопување.

samsung-foldable-patent-tablet-2

samsung-foldable-patent-tablet-1

Повеќе информации за каков уред се работи нема, па останува само да се претпоставува. Ваквите уреди можат да овозможат користење на таблет компјутерот како мобилен телефон, односно претворање на мобилниот телефон во таблет компјутер со негово отворање.

Од друга страна, ваквата технологија може да овозможи зголемување на таблет компјутерот во поголем уред кој што ќе се користи во одредени ситуации.

Со напредокот на технологијата на флексибилни екрани, која што гледаме дека е во почетокот, ќе се овозможат ваквите уреди. Samsung е компанија која што е позната по својот дел за екрани, па дефинитивно од нив може да се очекува напредок на ова поле.

Извор: Ubergizmo, Android Authority

Претходна статијаMicrosoft со промени во менаџерскиот тим – Стивен Елоп ја напушта компанијата
Следна статијаСо MarketKonekt сега купувате онлајн и ги добивате производите на ваша адреса
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.