Може звучи малку чудно дека Samsung планира да претстави „lite“ верзија од нивниот Galaxy S10 на скоро една година од претставувањето на серијата. Сепак, досега неколку пати можеше да се прочита оваа информација, па сега изгледа има и потврда од Samsung.

Од компанијата имаат поднесено документација која содржи слики од „About phone“ делот на уредот. Од тие слики, доколку се навистина тие поднесени од страна на Samsung, се гледа дека уредот го носи името Galaxy S10 Lite.

Тоа што ја прави чудна целата работа со овој телефон е што S10 телефоните веќе имаат верзија која, иако не е така наречена, се сметаше за лајт верзијата. Galaxy S10e е третиот модел кој беше претставен заедно со другите S10-ки и според карактеристиките и цената тој дефинитивно ја пополни позицијата за лајт модел, само со друго име.

Уште почудно е што најавите се дека Samsung најверојатно ќе ја претстави лајт верзијата од S10, дури по претставувањето на S11 телефоните, кои се очекува да бидат претставени во февруари.

SamMobile

Инаку, според неофицијалните информации, Galaxy S10 Lite треба да работи на Snapdragon 855, да има 8GB RAM меморија, како и 128GB простор за податоци. На задната страна би имал три камери, а екранот би бил со големина од 6,7 инчи и Full HD+ резолуција. Со оглед на тоа што годината скоро е готова и се очекува овој модел да биде претставен идната, тој сигурно би работел на Android 10 и One UI 2.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2SamMobile
Претходна статијаSamsung Galaxy S11 може да дојде со екран со стапка на освежување од 120Hz
Следна статијаTesla го претстави Cybertruck – нивното прво и футуристично „пикап“ возило
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.