Еден од водечките брендови од сферата на технологијата, Samsung категорично ги отфрли наводите дека софтверските дополнувања ги намалуваат перформансите на уредите.

Како што е познато, во јавноста се крена вистинска бура од реакции откако Apple призна дека неговите мобилни телефони iPhone од серијата 6 и понови намерно стануваат побавни со текот на времето, за корисниците да се стимулираат да купуваат понови модели.

Официјалното објаснување беше дека преку софтверските модификации всушност се продолжува животот на уредот, на сметка на послаби перформанси. Голем број компании од областа на технологијата категорично ја негираа ваквата пракса. Секако еден од најгласните беше и директниот и најголем конкурент на Appla, Samsung.

Не само што ги негираа, претставниците од Samsung почувствуваа одговорност дополнително да се произнесат по ова прашање. Причина повеќе за тоа беше и истрагата која ја покрена италијанската Пазарна комисија. Од таму, велат дека со задоволство ќе соработуваат во истрагата со што дополнително ќе го докажат својот став.

На страна од медиумската прашина, факт е дека мобилните уреди со текот на времето стануваат побавни. И едните, односно уредите на Apple и другите (оние на Samsung) по извесен период стануваат побавни. Па така, на корисниците им е буквално сеедно која е причината за таквото однесување. Дали навистина Samsung е поквалитетен бренд наајубаво ќе може да покаже веќе наредниот месец.

Очите на јавноста се вперени во промоцијата на нивниот последен „знаменосец“ Galaxy S9. Преку него најубаво ќе можат да покажат колку напреднала нивната технологија кога се однесува до перформансите, издржливоста и животниот век на уредот.

Извори: TechnoBuffalo

Претходна статијаApple ќе овозможи исклучување на функцијата која го забавува iPhone поради батеријата
Следна статијаFacebook се менува. Но, дали кон подобро?