S5_Panim_1920

Samsung секоја година претставува по неколку модели од своите најдобри телефони за кои што додава одредени подобри карактеристики, како подобар процесор или побрза LTE конекција. Тоа е случајот и оваа година со претставувањето на уште еден од неколкуте модели од новиот Galaxy S5, наречен Galaxy S5 Plus. Најавата помина тивко, односно не беше организиран некаков настан.

Главната разлика во Samsung Galaxy S5 Plus е неговиот чипсет. Тој доаѓа со моментално најдобриот Qualcomm Snapdragon 805 кој ги вклучува 2,5 Ghz четири јадрен Krait 450 процесор, како и Adreno 420 графичкиот процесор. Оригиналниот Galaxy S5 модел доаѓа со исто така четири јадрениот 2,5 Ghz процесор, но тој е постариот Krait 400 модел, дел од Snapdragon 801 чипсетот кој го вклучува и Adreno 330 графичкиот процесор.

S5 Plus моделот исто така доаѓа со поддршка за LTE брзини на симнување до 300 Mbps, за разлика од 150 Mbps на оригиналниот модел. Брзината на качување останува иста, односно 50 Mbps.

Што се однесува до останатите карактеристики, S5 Plus моделот ги вклучува истите на оригиналниот модел. Она што можеби би го очекувале, екран со поголема резолуција, не е дел од овој модел.

Извор: GSMArena

Претходна статијаNokia HERE Maps достапни за сите Android корисници
Следна статијаЈапонија го одобри проектот за маглев воз кој ќе патува со 480 км/ч
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.