Додека се чека на најавата на новата дата кога ќе почне повторно продажбата на Galaxy Fold од страна на Samsung, Bloomberg излезе со информација од нивни извори дека исправката на „грешките“ е завршена.

Samsung го откажа почетокот на продажбата на Fold при крајот на април, на само недела дена пред нејзиниот почеток. Причината за тоа беа проблемите со екранот кои се јавија кај дел од тест уредите кои им беа испратени на ИТ порталите во САД.

Проблемите со Galaxy Fold може да се сумираат во два дела. Едниот проблем е со шарката, односно делот каде што се преклопува уредот. Другиот проблем е со заштитата на екранот која сепак била направена на начин којшто овозможува влегување на прашина која го оштетува екранот, а кај некои примери се има случено да тестирачите ја извадат заштитата мислејќи дека така треба.

Според информациите кои Bloomberg ги пренесува од луѓе кои се запознаени со работите, како што истакнуваат од медиумот, Samsung го има завршено процесот на исправање на потребните работи кај Galaxy Fold.

Тие ја имаат продолжено заштитната фолија, а го имаат променето и доработено механизмот на шарката каде што се преклопува уредот.

Кога точно ќе биде вратен во продажба уредот не е познато, но се истакнува дека тоа нема да биде идниот месец со претставувањето на Galaxy Note 10.

Во продолжение и видео од Bloomberg во кое се дискутира за добиените информации.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНајава од страна на Карате клубот Макпетрол, за одржување и учество на карате светска лига во Умаг, Хрватска – 2019
Следна статијаSamsung најавува дека за 5 години веќе нема да користиме мобилни телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.