Concept art of the Galaxy X by YouTube channel TechConfigurations

Galaxy X од Samsung е еден од најмногу очекуваните уреди кои треба да бидат претставени овие години. Со оглед на тоа што паметните телефони немаат премногу новитети, односно новитети кои значително би го промениле стилот на нивно користење, очекувано е да се интересираме за уреди како што се најавува дека ќе биде Galaxy X.

За потсетување, Galaxy X треба да биде првиот смартфон во светот со екран којшто се превиткува. Со тоа ќе се овозможи уредот да се користи превиткан како помал телефон, со што нема да зафаќа многу место во џебот. Кога ќе треба да се чита нешто или да се гледа видео, тогаш уредот ќе се отвори и ќе се добие поголем екран со големина скоро како помалите таблет компјутери.

Ова дефинитивно е нешто кое јас не би можел да не го купам доколку стане достапно, само неофицијалната цена која ја истакнуваат аналитичарите во оваа вест, покажува дека сепак ќе почекаме нешто повеќе додека повеќето од нас имаме вакви уреди.

Според информациите, Galaxy X ќе има три екрани, односно два на едната страна кои ќе се користат при отворениот, поголем режим, како и уште еден на другата страна, наменет за користење во режим на мобилен телефон.

Партнерите на Samsung ќе почнат да ги доставуваат потребните делови до компанијата, според информациите, уште од ноември, по што се очекува претставување на уредот на почетокот од годината, односно во првото тромесечје.

Според истите извори, цената на овој уред би изнесувала околу 1.600 евра, што и не е неочекувано кога ќе се земе во предвид дека телефоните од највисоката класа веќе ја надминуваат границата од 1.000 евра.

Samsung не е единствен кој најавува смартфон со екран којшто ќе се превиткува, но сепак се очекува тие да бидат првите кои ќе претстават ваков уред.

ИЗВОРThe Korea Times
ИЗВОР 2Т3
Претходна статијаInstagram веќе нема да ги означува корисниците кои прават screenshot од Story?
Следна статијаЈуни е за јунаци со точаци – сите на точак овој месец
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.