Сеул, Кореа – 21. јуни, 2018 – Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) ги најави новите изданија на Галакси С9 (Galaxy S9) и Галакси С9+ (Galaxy S9+) паметните телефони, во нијанса на Златно Изгрејсонце (Sunrise Gold). Представени пред широката публика во Февруари, 2018 година, Самсунг Галакси С9 и С9+ се исто така достапни и во Полноќно Црна, Корално Сина и Пурпурно Виолетова.

Луѓето сакаат да имаат можност да го изразат својот стил и карактер преку технологијата, а бојата игра важна улога во целиот процес на персонализација. Новото издание ја збогатуваат понудата на бои во кои се достапни Галакси С9 и С9+ со нови живописти стилови кои ги обединуваат модерното и класичното чувство.“ – изјави Јонгхи Ли (Younghee Lee), Извршен Подпретседател во Компанијата Самсунг Електроникс.

Изданијата во нијанса на Златно Изгрејсонце на Галакси С9 и С9+ се првите уреди на Самсунг кои вклучуваат сјајна сатенска завршница која го опфаќа целиот уред со смирувачки сјај и светкавост. Новата нијанса на Златно Изгрејсонце создава чувство на живописност, а воедно и смирува и релаксира. Овој софистициран финиш е развиен со цел да им се допадне на сите корисници со доближување стилот на високата мода и дизајнот на урбаните ентериери кон мобилниот уред на корисникот.

Самсунг Галакси С9 и С9+ го редизајнираат начинот на кој комуницираме, споделуваме и го искусуваме светот.

  • Редизајнирана Камера: Галакси С9 и С9+ камерите се со вграден “Super Speed Dual Pixel“ сензор со посветена моќ за процесирање и меморија за креирање неверојатни фотографии со висок квалитет и вклучуваат можности за снимање видео со “Super Slow-mo“ функција, фотографирање во услови на слаба осветленост, леќа со двојна бленда, “AR Emoji“ и интегрирана гласовна команда – Бигзби.
  • Извонредна Забава: Овие паметни телефони нудат премиум звучно искуство со помош на стерео звучниците поставени од АКГ (AKG) и поддржуваат Долби Атмос (Dolby Atmos), креирајќи ефект на звук од 360 степени.
  • Галакси Основни Карактеристики: Карактеристиките што корисниците ги сакаат и ги очекуваат се стандард со Галакси С9 и С9+, вклучувајќи: скен на ирисот на окото и отпечатокот од прстот, можности за препознавање на лице подобрени со технологија за длабинско учење и Интелигентно Скенирање; “IP68“ отпорност на вода и прашина и можност за брзо и бежично полнење.

Во Македонија, изданијата на Галакси С9 и С9+ во нијанса на Златно Изгрејсонце се веќе достапни за потрошувачите од средината на овој месец, а сите заинтересирани може да ги набават во продажните салони на Македонски Телеком, Нептун Македонија и Сетек.

Претходна статијаOppo Find X е смартфон со екран скоро на целата предна страна, без исечок, 8 GB RAM и камери кои излегуваат од уредот
Следна статијаРужица Минова – добитник на наградата „ТИГРИТЕ“ од Полската амбасада