Намалувањето на рамката околу дисплејот кај паметните телефони има позитивен исход на димензиите, односно производителите можат да вградат многу поголем дисплеј во помал смартфон. Ова е нешто што вистински го сакаат корисниците и кое може да го подобри начинот на кој ги користиме нашите паметни телефони – со поголем дисплеј може да се направи многу повеќе. Затоа, Samsung најверојатно драматично ќе ги зголеми димензиите на дисплејот кај Galaxy S8 и поголемата изведба S8 Plus.

Според информациите кои ги има добиено GSM Arena, новите S8-ки ќе имаат поголеми димензии од своите претходници, но не колку што ќе се зголемат дисплеите. Имено, „нормалниот” Galaxy S8, кој ќе има дисплеј со големина од 5,7 инчи и димензии од 140.14mm x 72.20 x 7.30 mm. Според овие димензии, тој ќе биде скоро исто голем смартфон колку Galaxy S7, кој има само 5,1 инчен дисплеј, а ќе има поголем дисплеј од Galaxy S7 Edge.

Исто така, поголемиот S8 Plus според нивните мерења на шеми дадени од производител на футроли, ќе има дисплеј со големина од 6,3 инчи, што веќе длабоко навлегува во светот на таблетите. Сепак, рамката околу дисплејот ќе биде многу мала и тој ќе има димензии од 152.38 x 78.51 x 7.94 mm, што е многу поблизу до телефон со дисплеј со околу 5,7 инчи.

Ова би било прилично голем скок, дури и за Samsung и после Xiaomi Mi Mix, може да го отвори патот за смартфони со мали рамки околу дисплеите. Заедно со ветувањето за смартфони со свитливи дисплеи, кои исто така би требало да пристигнат годинава, оваа промена може да донесе многу поспособни уреди во нашите џебови.

Извор: GSM Arena, Forbes, Yahoo

Претходна статијаЕвропа и Кина пред САД во користењето на електрични возила
Следна статијаПробајте ја Upside Down – интересна и заразна игра за Android