G1_S7_gold_Gear VR_1P

  • Со секој купен уред, подарок – Gear VR lite – најдобриот гаџет за виртуелна реалност на пазарот

На само неколку дена по светската премиера на Samsung Galaxy S7 и Samsung Galaxy S7 Edge, Македонски Телеком најавува онлајн предпродажба на уредите, со подарок – Gear VR lite. Предпродажбата старува на 24 февруари, а ќе трае до 5 март, преку онлајн каналот на Македонски Телеком. Уредите ќе бидат достапни во црна, бела и златна боја.

Првите сто корисници ќе ја имаат можноста да добијат бесплатни Gear VR lite, најдобриот гаџет за виртуелна реалност, што во моментов се наоѓа на пазарот. Gear VR lite, новиот, подобрен модел „322“ има уште полесен и поудобен дизајн, може да се користи со Galaxy смарт телефоните за влез во виртуелната реалност со Super AMOLED екранот.

Редовната продажба на Samsung Galaxy S7 и Samsung Galaxy S7 Edge ќе почне на 11 март, 2016 година, а уредите со новите подобрувања во спецификациите и дизајнот, сигурно ќе го задржат статусот на бестселер.

Повеќе информации на: www.telekom.mk

Претходна статијаБил Гејтс на страната на ФБИ во случајот со Apple
Следна статијаHTC претстави четири нови смартфони на MWC