Samsung го претстави својот ISOCELL Bright HMX сензор за камерите во мобилните уреди во август оваа година. Главната карактеристика на овој сензор е огромниот број на пиксели, поточно 108 мегапиксели, бројка која навистина го поставува прашањето дали е потребна.

Сепак, кога ќе се земе во предвид дека Samsung обично вкупниот број на пиксели го групира во групи од 4, па со овој сензор корисниците ќе добијат слика од 27 мегапиксели, но со многу подобри детали, а посебно во темни услови.

Овој сензор Samsung го разви во соработка со Xiaomi и првиот уред со него кој беше најавен е од Xiaomi. Се очекуваше дека Samsung можеби ќе го искористи за Note10 серијата, но тоа не беше случајот.

Поради тоа, логично е да се очекува дека наредните уреди од највисоката класа од Samsung би го користеле овој сензор кој дефинитивно ќе го привлече вниманието на корисниците, а посебно кога конкуренцијата претстави модели со одлични и надградени камери.

Информацијата дека ова е можно да се случи доаѓа од познатиот Ice Universe кој истакнува дека има голема шанса Galaxy S11 да користи нов сензор со 108 мегапиксели. Дали тоа ќе биде овој што веќе е преставен или некоја негова понова верзија, не е познато, а во овој момент и не е важно.

Камерите остануваат едни од главните карактеристики кај мобилните уреди преку кои се одвива вистинска конкуренција помеѓу производителите. Друштвените мрежи за објава на слики се најмногу популарни, па во денешно време скоро секој е „аматер фотограф“.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаНовиот Microsoft Edge добива и ново лого
Следна статијаFacebook претстави ново лого кое треба да ја издвои компанијата од Facebook апликацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.