Galaxy S10 Concept (Creative Commons, by mobil-helden.de)Creative Commons, by mobil-helden.de

Мобилните телефони веќе подолг период може да се каже дека не донесуваат некоја „сериозна“ промена која ќе го промени начинот на којшто ги користиме овие уреди, како што беше случајот со iPhone пред повеќе од 10 години.

Не сакаме да кажеме дека смартфоните немаат никакви подобрувања, односно тука се одличните екрани, посилни процесори, одлични камери и слично, меѓутоа се’ уште чекаме на првата компанија која ќе претстави уред кој се превиткува. Ваков уред ќе овозможи да корисниците добијат и мобилен и таблет компјутер во еден уред и соодветно да го користат според потребите.

Samsung се компанијата од која се очекува првиот ваков уред, иако има уште неколку најави од конкурентите.

Ова значи дека главните промени идната година ќе ги видиме во Galaxy X, како што неофицијално се нарекува досега, а наредните генерации од S серијата ќе ги добијат стандардните подобрувања кои се очекуваат.

Според ETNews, Samsung идната година ќе се концентрира да овозможи смартфон со најдобрата камера на пазарот преку нивниот Galaxy S10 Plus. Овој телефон треба да има тројна камера на задната страна, камера која заедно со вештачката интелигенција треба да ги овозможи едни од најдобрите слики достапни на мобилните телефони.

Камерата ќе биде составена од една стандардна 12 мегапикселна леќа, една телефото леќа со 13 мегапиксели и широко аголна леќа со 16 мегапиксели. Оваа поставеност треба да овозможи слики кои не се до крај возможни ни со P20 Pro моделот од Huawei кој има исто така три камери, меѓутоа со акцент на други можности.

Huawei доби одлични оценки со нивниот P20 Pro, па очигледно е дека Samsung идната година планира да им ја земе оваа позиција на пазарот, кога е во прашање камерата.

ИЗВОРForbes
Претходна статијаDisplayMate го тестираше екранот на новиот Galaxy Note9 и тој поставува нови рекорди во повеќе области
Следна статијаМакпетрол ги додели наградите од четвртото редовно и второто мастер коло од „Верна повторно наградува“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.