Samsung изминатите години започна со претставување на два модели од својата висока S класа, односно еден модел со помал екран и нешто послаби карактеристики, обично кај камерата, како и еден поголем модел.

Со оглед на тоа што сите информации говорат дека Apple оваа есен ќе претстави три нови iPhone модели, најверојатно сите во стилот на iPhone X, со исечок на горната страна, не е воопшто чудно да се очекува дека и Samsung ќе го следи овој тренд од наредната генерација на S класата.

Наредната генерација од S класата ќе биде десетта по ред, што значи дека може да се очекуваат доста новини да бидат дел од овие модели.

Според информации од корејскиот портал The Bell, Samsung ќе претстави три Galaxy S10 модели или како и да бидат наречени, доколку од компанијата сепак се решат да не продолжат со именувањето со бројки.

Првиот ќе биде помал и поевтин модел, најверојатно mini верзија како што едно време беше достапна од компанијата, а останатите два модели ќе бидат стандардно очекуваните Galaxy S10 и S10+.

Главната новост на корејскиот портал во основа е информацијата дека Samsung конечно ќе вгради сензор за отпечатоци под екранот на предната страна, а истиот треба да биде тој од Qualcomm.

Најмалиот модел сепак нема да има ваков сензор, меѓутоа добрата вест е што тој нема да биде ни на задната страна, туку на десната страна од уредот, каде што обично е поставен палецот.

Со оглед на тоа што неколку информации веќе говорат дека Samsung ќе претстави модели со сензор под екранот, сметаме дека оваа вест може да се смета како прилично точна.

ИЗВОРThe Bell
ИЗВОР 2BGR
Претходна статијаSpace Nation Navigator е апликација која ги тренира идните астронаути
Следна статијаРСБСП со нови активности: „ Го сакам градот безбеден “ – оваа недела во Охрид
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.