Samsung е компанијата која го започна трендот на телефони со голем екран, односно тие ја започнаа категоријата на таканаречените „фаблет“ (телефон/таблет) уреди. Исто така, Samsung се број 1 во светот кога се во прашање екраните на смартфоните, па нивната Display дивизија прави екрани кои скоро и да немаат конкуренција.

Конкурентите логично почнаа да претставуваат уреди со поголеми екрани, па тука се и Apple чиј iPhone X Max има екран со големина од 6,5 инчи. Моментално најдобрите уреди од Samsung имаат 6,4 инчен екран кај Note9, односно 6,2 инчен екран кај Galaxy S9 Plus.

Според информации од The Bell, Samsung планира повторно да го има еден од најголемите екрани на пазарот со претставувањето на Galaxy S10 Plus кој наводно ќе дојде со 6,66 инчен екран.

Оваа големина на екранот, односно зголемување во споредба со претходниците оди во контекст на намалувањето на рамките околу екранот кое се очекува за S10-ките. Тоа ќе овозможи поголем екран, меѓутоа задржување на димензиите на уредот.

Кога на тоа ќе се додадат информациите дека Samsung планира вистинско намалување на рамките, а не додавање на исечок на горната страна, S10 уште од сега се гледа дека ќе биде еден од најдобрите уреди на пазарот, со повторно еден од најдобрите екрани.

Претставувањето на S10-ките треба да биде на почетокот од идната година, поточно при крајот на февруари, меѓутоа се повеќе најави одат во правец на порано претставување, можеби на крајот од јануари на CES во Лас Вегас, наместо на MWC во Барселона.

ИЗВОРТ3
Претходна статијаМакедонски Телеком овозможи технолошки напредно, волшебно музичко патување со наслов „Звуците на Скопје” во рамките на „Скопје Џез фестивал“
Следна статијаMicrosoft ќе овозомжи бришење на поголем број од пред инсталираните апликации во Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.