Galaxy Note 9 кој според информациите треба да биде претставен на 9-ти август, наводно ќе дојде со многу поголема батерија од неговиот претходник кој има батерија со капацитет од само 3.300 mAh. Батеријата на Note 9 ќе има капацитет од 4.000 mAh, па доколку тоа се покаже како точно, конечно може да кажеме дека Note серијата ќе добие соодветна батерија за еден уред од оваа класа и карактеристики.

Информацијата е неофицијална и доаѓа од Twitter корисникот Ice universe, кој има погодено доста информации поврзани со Samsung досега, па и оваа информација може да се земе со прилично големо ниво на сигурност.

Причината поради која Note 8 доаѓа со батерија со капацитет од само 3.300 mAh е познатиот проблем кој го имаше претходниот Note 7. За потсетување, поради одредени проблеми во дизајнот на уредот, односно недоволно простор за батеријата, Note 7 знаеше да се запали во одреден број на случаеви, по што Samsung мораше целосно да го повлече телефонот од продажба.

Батерија од 4.000 mAh дефинитивно ќе го направи Note 9 вреден за купување, а оваа батерија, зависно од стилот на користење, ќе може да издржи и можеби еден цел ден на користење.

Покрај капацитетот на батеријата, излезе и информација дека од компанијата спремаат понова верзија од нивниот безжичен полнач, кој ќе го полни телефонот побрзо од постарата генерација. Со оглед на тоа што Note 9 сигурно може да се очекува дека ќе дојде со поголема батерија, побрзо безжично полнење е важно за да се задржи оправданоста на терминот „брз полнач“.

ИЗВОРPhoneDog
ИЗВОР 2Т3
Претходна статијаПрв регионален бизнис натпревар во Белград, поддржан од Фондот за Западен Балкан
Следна статијаLogic Booster – Brain Games е нова игра креирана од македонски програмери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.