На точно две недели до претставувањето на Galaxy Note 10 ги имаме едни од последните информации кои се веќе одамна пропратен дел од периодот пред официјалното прикажување на уредите.

Она што веќе со сигурност може да се истакне е дека Note серијата оваа година ќе има две варијанти, односно една стандардна и една поголема, Pro или Plus варијанта. Сите досегашни неофицијални информации укажуваа на ова, па шансите да се покаже како неточно се многу мали.

Според најновите информации од познатиот „OnLeaks“, Galaxy Note 10 ќе дојде со 6,3 инчен Infinity-O екран, со предната камера во средината на екранот, наместо десно како кај S10 моделите. Чипсетот на којшто ќе работи, а ова е нова информација, е поновиот и засилен Snapdragon 855 Plus, којшто доаѓа со подобрен графички процесор и делумно подобрување на стандардниот процесор.

За пазарите во остатокот од светот процесорот ќе биде поновиот, исто така, Exynos 9825 којшто соодветно треба да понуди подобри перформанси во споредба со Snapdragon верзијата. Батеријата на телефонот треба да има капацитет од 3.600 mAh.

Galaxy Note 10+ ќе дојде со 6,8 инчен екран, исто така Infinity-O, истиот процесор, но поголема батерија со капацитет од 4.300 mAh.

Тоа што привлекува внимание кај овие информации е најавата дека Samsung ќе ја вгради наредната генерација на безжично полнење кај овие уреди, па тие ќе можат да се полнат со безжичен полнач прилично брзо со 20-25W. Полнењето преку кабел ќе биде исто така значително побрзо, со 45W.

Полнењето на други уреди преку PowerShare, исто така безжично, ќе биде засилено и се најавува дека ќе може да овозможи 15W полнење, што ќе овозможи значително побрзо полнење на вашите безжични слушалки или паметен часовник.

Unpacked настанот е за само 2 недели, па ќе ги дознаеме сите информации кои засега се само во рамките на шпекулации.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПрвата меѓународна платформа за вмрежување на тренери и тренинзи формирана во Македонија
Следна статијаGoogle ја пушти својата нова Shopping платформа за корисниците во САД
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.