Во денешно време скоро е незамисливо за нас да сме некаде без нашиот интернет пристап. Доколку сме во странство секогаш бараме Wi-Fi мрежа, а со поновите пакети, операторите ни овозможуваат и одредена количина на интернет за прифатлива цена.

Сето ова е можно поради паметните телефони кои веќе се најнормален дел од нашите животи, а можеби и повеќе од што би требало. Тоа е така посебно и поради тоа што времето поминато на интернет, на нашите смартфони, во главно го користиме за гледање на, кратко кажано, не толку важни работи.

Затоа, да се замисли смартфон во денешно време, без интернет пристап е многу чудно, а посебно кога ќе се земе во предвид дека дури и оние „старовремски“ телефони имаат барем пристап до 2G мрежата за основен пристап до интернет.

Сепак, Samsung смета дека одредена категорија на корисници не им треба интернет пристап или него го сметаат како нешто што им го одзема вниманието. Па така, тие го претставија Galaxy J2 Pro, наменет за пензионерите и за студентите.

Јас тука би додал дека можеби ваков модел би станал популарен и кај поширока група на корисници кои сакаат малку да „одморат“ од константната поврзаноста на интернет и сите тие информации и известувања.

J2 Pro изгледа како и сите други смартфони од ниската класа. Доаѓа со 5 инчен qHD (960×540) екран на допир, 1.5 GB RAM меморија и 16 GB меморија за складирање, 2.600 mAh батерија, а дури има и 8 мегапикселна задна и 5 мегапикселна предна камера.

Она што го разликува од другите вакви уреди е тоа што едноставно нема начин како да го поврзете на интернет, па дури и на Wi-Fi мрежи. Од Samsung препорачуваат неколку апликации кои работат без интернет, како на пример речник, а се разбира тука е и можноста за инсталирање на други Android апликации преку нивното APK.

Јас лично, дефинитивно би се обидел да го користам овој телефон ако сум во можност. Во една ситуација додека главниот телефон ми беше на сервис, користев стар мобилен без апликации и морам да признаам беше изненадувачки добро.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2Slash Gear
Претходна статијаСведочењето на Закерберг пред Конгрес – ризница на мемиња
Следна статијаСтрип на месецот: All-New Wolverine
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.