Samsung официјално го претстави Galaxy Fold за време на претставувањето на Galaxy S10 серијата во Сан Франциско во февруари. Сепак, Fold не беше достапен за разгледување, па остана да се почека кога овој уред ќе почне официјално да се продава, а април беше најавен како можен месец.

Продажбата на Galaxy Fold официјално почнува од овој месец, со можност за преднарачка уште од идната недела во САД, по што ќе може да се купи почнувајќи од 26 април.

Во европа уредот ќе биде достапен нешто подоцна, односно преднарачките ќе станат достапни при крајот на месецот, по што на почетокот од мај ќе почне да се продава.

Galaxy Fold ќе биде достапен во ограничен број на земји, па не е сигурнo дека ќе може да се купи во Македонија, барем не од официјалните продавачи. Кога ќе се земе во предвид неговата цена, која во нашата земја сигурно би достигнала и 2.000 евра на почетокот, може да се разбере зошто овој уред не би бил веднаш достапен.

Инаку, Galaxy Fold е првиот уред, а се најавуваат уште, од Samsung кој има еластичен екран кој може да се превитка. Со тоа се овозможува да уредот со големина на помал таблет компјутер, се превитка и користи како мобилен телефон, со големина погодна за џебот на корисникот.

ИЗВОРSamMobile
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаHuawei во земјава лансира нови паметни часовници од Watch GT серијата
Следна статијаНовиот Range Rover Evoque претставен во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.