Поголем “бесконечен“ екран, двојна камера со оптичка стабилизација на дигитални фотографии и видеа и IP68 oтпорност на вода и прашина

Скопје, 17. Јануари 2018 – Новиот Самсунг Галакси А8(2018) (Galaxy A8(2018)) денес беше претставен во Македонија. Новиот модел како надополнување на Галакси А (Galaxy A), серија на паметни уреди, доаѓа со Двојна Предна Камера (Dual Front Camera), голем “Бесконечен“ (Infinity) Дисплеј и неверојатен ергономски дизајн кој се базира на дизајнот на досегашните водечки паметни телефони на Самсунг и нивното искуство. Со дополнителни карактеристики, Галакси А серијата е постилска, попрактична и поудобна за употреба.

Најновиот уред од Серијата А е со напредни Galaxy перформанси и претставува спој на премиум функции од нашите најдобри уреди од високата класа, збогатени со напреден дизајн. Сакајќи да ги пресретнеме потребите на корисниците го создадовме Galaxy A8(2018) – уред кој со својот дизајн, карактеристики и врвни функции, ќе го олесни и подобри секојдневното функционирање на поголем број корисници.“ – изјави Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор во Компанијата Самсунг за Адриатик Регионот. 

Галакси А8(2018)- поелегантен и пофункционален, за уште побогато корисничко искуство Најновиот Галакси А уред поставува нови стандарди за непрекинато, извонредно искуство при гледање филмови или играње игри. “Бесконечниот“ Дисплеј ја надминува рамката со извонреден сооднос на дисплејот од 18.5:9, овозможувајќи им на корисниците да ја гледаат сцената низ целиот екран за максимално синематско доживување. Големиот екран е поддржан со ергономско заоблено стакло на предната и на задната страна. Стаклените и метални елегантни рамки на уредот, заоблените делови и удобноста за држење го прават овој уред уште поедноставен за следење на содржини или интеракција со него.

Корисниците ќе можат да креираат јасни, чисти “селфи“ фотографии со задната камера од 16MP со фокус од F1.7 и 16MP+8MP со фокус од F1.9 Двојна Предна Камера, без разлика каде се наоѓаат или во каква активост се вклучени. Двојната Предна Камера е направена од две одделни камери, а корисниците ќе може да одберат која ќе ја користат во зависност од видот на “селфи“ фотографијата што сакаат да ја направат – од фотографија одблиску, со позадина, сѐ до портрет фотографија со јасна и чиста позадина. Дополнително, со напредната функција “Live Focus“, ефектот “bokeh“ едноставно може да се прилагоди, пред или откако ќе се фотографира, се со цел креирање фотографии со висок квалитет. Без разлика дали преку ден или навечер, напредната камера ќе се погрижи фотографиите да имаат одлична острина, дури и во усови на слаба осветленост. Новиот уред исто така овозможува адаптирање на фотографиите преку забавни опции, од додавање на “налепници“ на “селфи“ фотографија, до нагласување на кулинарската екстраваганција со режимот за храна (Food Mode).Со технологијата за стабилизација на видео и дигитални слики (video digital image stabilisation technology Vdi), несигурните видео снимки ќе станат дел од минатото, а со hyperlapse функцијата корисниците може да креираат видео клипови, што ќе овозможи снимање, разкажување и споделување на уште подолги приказни. Со овој уред, преку функцијата “Always On Display“, корисниците континуирано ќе бидат информирани – а пристапот до информациите никогаш не бил поедноставен: со само еден поглед кон телефонот, без притоа да го отклучуваат. 

Овозможувајќи IP68 отпорност на вода и прашина, Галакси А8(2018) уредот е издржлив на различни услови, како дожд, песок, прашина, па дури и пот, што го прави погоден за користење во речиси секоја ситуација, при различни активности. Исто така, Галакси А8(2018) поддржува микроСД (microSD) картички, што овозможува проширување на капацитетот за складирање до 256GB. Овој паметен уред е првиот од серијата А кој има поддршка за Samsung Gear VR. Со опцијата Samsung Pay, корисниците веќе нема да имаат потреба да го носат својот паричник со себе секогаш кога ќе излезат од домот. Поддржувајќи “Magnetic Secure Transmission“ (MST) и “Near Field Communication“ (NFC), Галакси А8(2018) може да се користи виртуелно насекаде каде што може да ја допрете или повлечете вашата картичка. Секоја трансакција преку Samsung Pay опцијата е безбедна, а сепак многу едноставна. Сѐ што е потребно е едно повлекување и едно скенирање на отпечаток.  Самсунг Галакси А8(2018) ќе биде достапен од 19. Јануари, во црна, орхидеја сива и златна боја, по препорачана продажна цена од 30.999 денари.

За повеќе информации, посетете ја страната: www.samsungmobilepress.com

Претходна статијаDynamics: паметна платежна картичка со дисплеј и мобилна конекција
Следна статијаЛукави куќни помошнички – Опкружени со луксузот и богатството што никогаш нема да го имаат