Сеул, Кореа – 20 септември, 2018 – Новиот Галакси А7 (Galaxy A7) е најновиот уред на компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics co., Ltd.), со моќна задна тројна камера и елегантен дизајн. Галакси А7 ќе биде достапен во продажба кај овластените продажни партнери и оператори во почетокот на октомври по препорачана продажна цена од 20.449 денари во три бои – црна, сина и златна.
“Самсунг е посветен на овозможување значајни иновации за сите корисници – дел од Галакси семејството, без разлика кои се и каде се наоѓаат ширум светот. Со радост ви ги претставуваме новите иновативни карактеристики на А серијата преку новиот Галакси А7 – практичен, но моќен уред создаден да ви помогне вашето секојдневие да стане извонредно.“ – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател и Генерален Директор на Дивизијата за ИТ и Мобилни Комуникации во Самсунг Електроникс.
Тројна камера на новиот Галакси А7 уред поседува одлични карактеристики:
- Ултра Широк објектив од 8 MP, со агол од 120 степени. Со иста ширина на видното поле како човековото око, Галакси А7 го доловува светот исто онака како што корисникот го гледа креирајќи фотографии со широк агол и без ограничување;
- Со објективот од 24MP и објективот за длабочина на фотографија, функцијата “Live Focus“ на новиот Галакси А7 дозволува контрола на длабочината на видното поле преку прилагодување на “бокех“ ефектот.
- Објективот од 24MP автоматски пропушта повеќе светлина преку комбинирање на четири пиксели во еден во услови на ниска осветленост. Затоа, креираните фотографии се совршено бистри и при силна светлина и во услови на ниска осветленост.
- Со помош на интелигентната функција на Самсунг – Оптимизатор на Сцени (Scene Optimizer), камерата на Галакси А7 го категоризира субјектот и ги прилагодува бојата, контрастот и светлината за инстантно да го оптимизира квалитетот на фотографијата.
Предната камера од 24MP и прилагодливиот ЛЕД блиц овозможуваат креирање светли, јасни “селфи“ фотографии во било кој период од денот. Преку функцијата “Selfie Focus“ може да се креираат “селфи“ фотографии со “бокех“ ефект, а преку “Pro Lighting“ функцијата може да се креираат фотографии со осветленост на ниво на професионално фото-студио. Покрај тоа, фотографиите може да се персонализираат со користење на АР емоџи (AR emoji) и филтри.
Уредот има препознатлив, “бесконечен“ Супер АМОЛЕД екран со големина од 6.0 инчи. Галакси А7 исто така поддржува “Dolby Atmos®“ технологија за репродукција на звукот. Со врвен дизајн на стаклото, страничен сензор за отпечатоци кој е едноставен за користење и беспрекорни заоблувања, Галакси А7 е практичен уред кој е удобен за користење. Достапен е во четири елегантни бои – сина, црна, златна и розева – за да се вклопи во сечиј личен стил.
Уредот Галакси А7 пристигнува со услугите “Bixby“, “Samsung Pay“ и “Samsung Health“.
За повеќе информации за новиот Самсунг Галакси А7, посетете ги страните: http://www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy
Самсунг Галакси А7 – Спецификација на продуктот:
Галакси А7 | |
Екран | 6.0” FHD+ (1080×2220) Super AMOLED |
* Екранот се мери дијагонално како целосен правоаголник без да се земат предвид заоблените агли | |
Камера | Задна: Тројна камера
– 24MP AF (F1.7) – Ултра Широк агол: 8MP (F2.4), 120° – Длабочина: 5MP(F2.2) |
Предна камера: 24MP FF (F2.0) | |
Големина и Тежина | 159.8 x 76.8 x 7.5 mm, 168g |
АП (AP) | Octa Core 2.2GHz
* Може да варира во зависност од пазарот и мобилниот оператор |
Меморија | 4GB RAM, 64 Внатрешна меморија + MicroSD слот (до 512GB) |
Батерија | 3,300mAh |
Оперативен Систем | Android 8.0 |
Мрежа | LTE Cat.6, 2CA |
Поврзување | Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac (2.4/5GHz), VHT80, Bluetooth® v 5.0 (LE до 2Mbps), ANT+, USB тип-B, NFC (дополнително*), Локација (GPS, Glonass, BeiDou**)
*Може да варира во зависност од пазарот **“BeiDou“ покриеноста може да е лимитирана |
Плаќање | NFC*
* Може да варира во зависност од пазарот |
Сензори | Акцелеметар, Сензор за отпечаток од прст, Жиро сензор, Геомагнетски сензор, Сензор за сала, Сензор за близина, Сензор за RGB светло |
Аудио | MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, WMA, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA |
Видео | MP4, M4V, 3GP, 3G2, WMV, ASF, AVI, FLV, MKV, WEBM |