“Galaxy A” серијата на телефони на Samsung е позната по тоа што нуди премиум карактеристики на купувачите, по цена пониска од онаа на “Galaxy S” серијата. Всушност, многу елементи, како на пример стаклен заден дел беа донесени токму од “Galaxy A” серијата на смартфони, но работи како “Edge” дисплеј и натаму недостасуваат.

Сега, оваа серија на телефони, поточно најпопуларниот Galaxy A5 модел за 2018 година значително ќе се доближи до тоа што го нуди Galaxy S8. Имено, A5-ката ќе има издолжен дисплеј, најверојатно со 18:9 сооднос, многу помала рамка и уште попремиум изработка од стакло и алуминиум. Ова не само што ќе го доближи овој модел до Galaxy S8, туку ќе го направи и опасен конкурент на кинеските модели од средно-високата класа, со кој ќе има слична цена.

Засега нема детални спецификации за моделот, а нема ниту информации за Galaxy A3 и Galaxy A7, кои ќе бидат помала и поголема верзија од моделот, но може да се очекува дека сите модели ќе имаат Exynos 7885 чип од средно-високата класа, околу 4 GB рам меморија и екрани со Full HD+ резолуција (2160х1080 пиксели), што е сосема доволно за скоро сите корисници на паметни телефони.

За цените би можел само да шпекулирам, но како и досега, може да се очекува 20-30% пониска цена во однос на Galaxy S8 и S8 Plus.

Извор: PocketNow, TechRadar, Firstpost

Претходна статијаДостапен Firefox 57 Quantum – најголемата промена на прелистувачот во изминатата деценија
Следна статијаQualcomm ја одби понудата за преземање од Broadcom вредна 130 милијарди долари