Скопје, 7. Февруари 2017 – Откако пред светската јавност компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics) премиерно ги претстави своите најнови мобилни уреди од Galaxy семејството, моделите А3 и А5 сега и официјално се достапни на Македонскиот пазар. Инспирирани од дизајнот на Самсунг премиум уредите, моделите од Серија А ги следат највисоките стандарди во мобилната индустрија, а во продажба официјално се достапни од 03.02.2017 година.

Најновата Серија А е со напредни Galaxy перформанси и претставува спој на премиум функции и унапреден дизајн. Ова е уште еден чекор напред кога станува збор за Galaxy производите. Врвните функции на телефонот кои досега беа карактеристични само за Galaxy S серијата, од сега ќе бидат достапни на поголем број корисници.“ – изјави Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор за Адриатик Регионот во компанијата Самсунг.

Новите Самсунг модели имаат превземено дел од омилените функции на премиум моделите од S серијата. За прв пат, моделите А3 и А5 за прв пат овозможуваат отпорност на вода и прашина, а исто така ја поддржуваат функцијата “Always on Display“ која овозможува на корисниците проверка на известувања во секое време, без дополнително вклучување на екранот. Со 5,2” екран кај А5 моделот, односно 4,7” екран кај А3 моделот, Galaxy А Серијата се одликува со метална рамка и 3D стаклена задна страна. Новата серија е достапна во четири бои: црна, златна, сина и пастелно розева.

Исто така, за сите љубители на добрата фотографија, новите модели пристигнуваат со унапредена предна и задна камера. Напредната технологија на овие камери сега овозможува прецизен автофокус, кој допринесува за изработка на живописни фотографии со висок степен на острина – дури и кога камерата се користи во услови на слаба осветленост. Со помош на подвижното поле за активирање на камерите при допир на екранот во било кој предел на неговата површина можете да се направи “селфи“ фотографија со висока резолуција.

Покрај новите Galaxy A мобилни уреди на македонскиот пазар представен е Gear S3, најнова генерација иновативен паметен часовник – спој на елегантен дизајн со најнова технологија. Паметниот часовник на Самсунг ќе биде достапен во две верзии, Gear S3 Frontier и Gear S3 Classic. Инспирирани од традиционалните произведувачи на часовници, овие модели се карактеризираат со врвен дизајн, елегантна рамка во форма на круг како и прецизно изработени детали на циферблајтот. Корисниците може да го прилагодат изгледот на својот часовник според сопствените желби и да го заменат ременчето, со што би го прилагодиле часовникот на својот личен стил.

“Always On“ Display функцијата и технологијата на Super AMOLED екранот дополнително придонесуваат овој модел на часовник да се разликува од останатите паметни часовници. Без допир на екранот корисниците може да одговорат на повик, да го прекинат алармот, како и на определено време да го употребуваат сопствениот мобилен апарат исклучиво преку паметниот часовник.

„Gear S3 е паметен часовник кој дури и на љубителите на класичните часовници им дава убедлива причина да размислат и да си го купат овој уред, кој ги спојува традиционалниот дизајн и дигиталната технологија“, нагласи Вујовиќ.

Во согласност со IP68, Gear S3 е отпорен на вода и прашина. Со помош на овој часовник корисниците можат да ги следат своите физички активности преку апликацијата S Health, да мерат различни параметри преку вградениот GPS и апликациите за мерење на надморска височина, воздушен притисок и брзинометар.

Претходна статијаКина и официјално е најголемиот производител на соларна енергија
Следна статијаПротече Windows 10 Cloud – еве кои се предностите и недостатоците на новата верзија