Сеул, Кореа, 2. Мај, 2018 – Компанијата Самсунг Електорникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес ги претстави Галакси А6 (Galaxy A6) и Галакси А6+ (Galaxy A6+) – паметни телефони кои ги комбинираат секојдневната практичност и модерниот дизајн со напредна камера за поперсонализиран начин на изразување.

Со моќна предна и задна камера, врвен елегантен дизајн и заштитниот знак на Самсунг – бесконечниот (Infinity) екран, новата Галакси А серија е достапна во 3 бои – црна, златна и боја на лаванда.[1]

“Во Самсунг посветено работиме да им овозможиме на нашите корисници да ги искусат најдобрите паметни телефони, истовремено исполнувајќи ги нивните практични потреби. Новите Галакси А6 и А6+ се темелат на наследството на Самсунг паметните телефони, комбинирајќи ја секојдневната практичност со импресивна камера која на корисниците им овозможува снимање, адаптирање и споделување на миговите на начин на кој им дозволува уникатно да се изразат себеси.” – изјави Јунхо Парк (Junho Park), Потпретседател на Сектор за Глобално Планирање на Продукти, Оддел за Мобилна Комуникација, компанија Самсунг Електроникс.

Со моќната предна и задна камера на Галакси А6 и А6+, креирањето на прекрасни фотографии или “селфи“, во било кој момент, никогаш не било поедноставно. Со прилагодливиот преден ЛЕД блиц, корисниците на Галакси А6 и Галакси А6+ можат, преку ден и навечер, да креираат неверојатни “селфи“ фотографии. Со помош на објективот со мал отвор на блендата на задната камера, може да се креираат јасни и остри фотографии при услови на слабо осветлување, притоа без да се жртвува квалитетот на сликата, без разлика на тоа во кој период од денот е фотографирана.

Двојната камера на Галакси А6+[2] може дополнително да допринесе за подобра фотографија од миговите кои се важни со помош на функцијата “Live Focus“. Со оваа функција корисниците може да ја контролираат длабочината на полето и “бокех“ (bokeh) ефектот пред или во текот на снимањето. Корисниците може да ја збогатат својата слика со уникатните замагледни позадински шаблони, со помош на различни форми и облици, меѓу кои и срце, ѕвезда и уште многу други.

Корисниците може да доживеат збогатено звучно сараунд искуство додека уживаат во гледањето на филмови, слушањето музика и следењето на различни содржини преку звучниците кои се поддржани од Долби Атмос (Dolby Atmos) оптимизираниот аудио систем[3]. Галакси А6 и А6+ овозможуваат широк спектар звуци, од високи до ниски тонови, со исклучителна јасност на звукот и вистински, реални детали за уште помоќно и подобро звучно искуство. Корисниците може да одберат вклучување на Долби Атмос ефектот за да го претворат своето аудио искуство во звук кој лебди околу нив и воодушевува.

Галакси А6 и А6+ исто така поставуваат стандард и за врвно непрекинато доживување во гледањето на содржини на бесконечниот екран со приказ во импресивен сооднос[4] од 18.5:9[5]. Неговиот нежен, заоблен и метален дизајн е креиран со цел да овозможи подобрена издржливост и удобно држење за максимална искористеност, притоа, без компромиси во неговиот изглед.

Дизајнирани за практична и секојдневна употреба, Галакси А6 и А6+ интегрираат неколку популарни карактеристики од водечките Самсунг телефони, вклучувајќи безбедност без никакви пречки, со помош на препознавањето на лице и скенирањето на отпечатокот на прстот за брз и едноставен начин на отклучување на уредот.

Двата уреда овозможуваат брзо и едноставно извршување на повеќе задачи истовремено со “App Pair“, користејќи ги во потполност големите ергономски екрани на телефоните Галакси А6 и А6+. На овој начин на корисниците им е олеснето управувањето со две апликации паралелно, преполовувајќи го потребното времето и зголемувајќи го уживањето. Со функцијата “Always on Display[6] корисниците може да добијат информации на прв поглед, без отклучување на телефонот, со што се допринесува за заштедување на време и издржливост на батеријата.

Исто така, Галакси А6 и А6+ ги поддржуваат и функциите “Bixby Vision“, “Home“ и “Reminder“. “Bixby може да им помогне на корисниците во низа секојдневни задачи, правејќи ги Галакси А6 и А6+ уште попаметни и попрактични. Со вклучување на “Samsung Pay[7], корисниците секогаш ќе имаат паричник со себе. Поддржувајќи и “Near Field Communication“ (NFC), Галакси А6 и А6+ може да се користат виртуелно насекаде каде може да се користи кредитна или дебитна каричка. Секоја трансакција преку “Samsung Pay“ е сигурна и многу едноставна.

Новите Самсунг Галакси А6 и А6+ ќе бидат достапни започнувајќи од мај, 2018 година на дел од европскиот, азискиот и латиноамериканскиот пазар, пред истите глобално да се појават и на дополнителните пазари ширум Јужна Кореа, Африка и Кина.

 

[1] Боите во кои се достапни уредите може да варираат во зависност од регионот и /или достапноста кај продажните партнери на Самсунг

[2] Карактеристика достапна само на Галакси А6+

[3] Долби Атмос аудио е поддржано само преку употреба на слушалки

[4] Екранот е мерен дијагонално, како полн правоаголник, без притоа во измереното да се вклучат заоблените рабови на А6+

[5] Карактеристика достапна исклучиво на Галакси A6+

[6] Достапноста на услугата може да варира во зависност од земјата

Претходна статијаFacebook конечно воведува „Dating“ дел на нивната огромна друштвена мрежа
Следна статијаЗошто супер-хероините имаат совршени фризури?