Samsung Galaxy S10, S10+ и S10e се официјалните имиња на трите нови телефони кои ќе ги претстави компанијата идната среда.

Дека ќе има три модели, како и дека нивните имиња ќе бидат овие, се претпоставуваше се додека Samsung Франција не ги објави по грешка, односно пред време, на нивната страна.

Оваа страна сега е тргната, се разбира, но тие што успеале да ја „начекаат“ ја пренесоа веста, а и направија screenshot. Се надеваме само дека се работи за вистинска слика, а не нарочно изменета. Сликата во продолжение.

Инаку, сите претпоставки завршуваат идната среда кога ќе бидат претставени овие нови телефони. На Unpacked настанот, кој се одржува во Сан Франциско, Смартпортал ќе биде присутен и директно ќе го пренесе претставувањето.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2GSM Arena
Претходна статијаBRANSYS добитник на престижното признание SUPERBRANDS 2017/18
Следна статијаSamsung пред време ги прикажа новите уреди кои ќе ги претстави заедно со Galaxy S10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.