До претставувањето на новите Galaxy S9 и S9+ модели од страна на Samsung остануваат нешто помалку од 20 денови. Истите, од информациите кои ги имаме до сега, во главно ќе бидат надоградба од минатогодишните модели, а главните промени се очекуваат од наредните модели подоцна во годината или почетокот на идната.

Според неофицијални информации, S9-ките може да бидат последните модели кои ќе ја носат ознаката на S серијата. Најдобрите модели од Samsung наводно ќе продолжат под брендот X, односно Galaxy X, име кое моментално се верува дека е резервирано за телефонот со екран на превиткување.

Информациите доаѓаат од неколку извори, па тие и до некаде различно ги пренесуваат. Според еден извор X ќе го замени S, а секој нареден модел ќе продолжи во истиот стил, односно X2, X3 и така натаму.

Според друг извор по ознаката X ќе ги ја има само годината на моделот, што ни делува некако не толку веројатно.

Како и да продолжат да ги именуваат своите телефони, во едно сме сигурни. Од Samsung можеме да очекуваме одлични модели кои ќе го променат пазарот наредните неколку години.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2Tekz24
Претходна статијаFalcon Heavy полета кон вселената заедно со Tesla Roadster
Следна статијаДеветто место за каратистката на Макпетрол Моника Стефановска
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.