Samsung ја најави, па сега и официјално ја претстави својата најнова Galaxy серија специјално развиена за индискиот пазар, Galaxy M.

Оваа серија започнува со два модели, односно Galaxy M10 и Galaxy M20. Двата телефони ќе почнат да се продаваат од почетокот на идниот месец, сега за сега само во Индија, а цените ќе се движат од 112 до 182 долари, зависно од моделот и карактеристиките.

Galaxy M серијата е и прва од Samsung која го користи нивниот Infinity-V екран, односно екран со исечок на горната страна. За разлика од повеќето конкуренти, Samsung се има одлучено за многу мал исечок во средината доволно голем само за камерата. Дизајнот е така направен да се споредува со капка.

Инаку, карактеристиките на двата уреди ќе бидат прилично солидни, но кога ќе се земе во предвид конкуренцијата, не е за чудење.

Galaxy M10 ќе дојде со 6,2 инчен HD+ екран, додека M20 со 6,3 инчен FHD+ екран. Двата уреди доаѓаат со Widevine L1 сертификација која е поврзана со можноста за стриминг на HD содржина.

Galaxy M20 работи на Exynos 7904 осум јадрениот процесор, додека M10 на исто така осум јадренниот Exynos 7870. Двата модели имаат двојна камера на задната страна со по 13 мегапиксели за главната и уште една широко аголна 5 мегапикселна.

Една карактеристика привлекува внимание кај M20 моделот, а тоа е батеријата со капацитет од 5.000 mAh, капацитет со кој сигурно ќе може да се помине еден цел ден. M10 доаѓа со прилично стандардна батерија со капацитет од 3.400 mAh.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаСАД ги поднесоа најавените обвиненија против Huawei за прекршување на санкции и кражба на интелектуална сопственост
Следна статијаПовеќе светски брендови започнуваат сервис за достава на нивните производи во пакување кое повторно може да се искористи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.