До претставувањето на новите Galaxy S9 и S9+ модели од страна на Samsung остануваат нешто помалку од 20 денови. Истите, од информациите кои ги имаме до сега, во главно ќе бидат надоградба од минатогодишните модели, а главните промени се очекуваат од наредните модели подоцна во годината или почетокот на идната.

Според неофицијални информации, S9-ките може да бидат последните модели кои ќе ја носат ознаката на S серијата. Најдобрите модели од Samsung наводно ќе продолжат под брендот X, односно Galaxy X, име кое моментално се верува дека е резервирано за телефонот со екран на превиткување.

Информациите доаѓаат од неколку извори, па тие и до некаде различно ги пренесуваат. Според еден извор X ќе го замени S, а секој нареден модел ќе продолжи во истиот стил, односно X2, X3 и така натаму.

Според друг извор по ознаката X ќе ги ја има само годината на моделот, што ни делува некако не толку веројатно.

Како и да продолжат да ги именуваат своите телефони, во едно сме сигурни. Од Samsung можеме да очекуваме одлични модели кои ќе го променат пазарот наредните неколку години.