Samsung ќе го претстави Galaxy Note 9 за еден месец, односно на 9-ти август. Тие самите во поканата за настанот, којшто ќе се одржи во Њујорк, го истакнаа S Pen пенкалцето, меѓутоа очекувано не дадоа повеќе информации зошто.
Тоа значи дека со сигурност можеме да очекуваме дека главната новина во Note 9 ќе бидат новите можности на S Pen, а веќе има и неофицијални информации за кои тие може да бидат.
Документ поднесен во FCC, односно американската Комисија за комуникации, открива во кој правец ќе бидат новите можности на S Pen, односно што може да се очекува.
Во документот се гледа дека S Pen ќе дојде со Bluetooth оваа година, па тоа покажува какви можности може да му бидат додадени на пенкалцето. Со користењето на Bluetooth технологијата се очекува S Pen да се користи за одредени активности на телефонот кои не се поврзани само со пишување на него.
Па така, на пример, S Pen се очекува да може да се користи за менување или пузирање на музиката на телефонот, стартување и стопирање на тајмерот и слично. Исто така, некои најавуваат дека S Pen ќе може да се користи и за сликање, што е одлично за одредени групни слики, како и за селфи.
Останува на претставувањето на Note 9 да видиме какви се функции ќе има S Pen и дали од Samsung имаат смислено некои додатни и интересни намени од овие на кои на повеќето може да ни текне во овој момент.