Уредите коишто имаат екран кој може да се превитка и со тоа да се овозможи менување на форматот на уредот којшто се користи, остануваат и ќе бидат еден вид на револуција во начинот на којшто ги користиме смартфоните во иднина.

Galaxy Fold е еден од првите и најмногу амбициозните вакви уреди, но како што знаете, почетокот после неколку години на одложување, беше дополнително одложен поради проблемите кои се јавија, за среќа кај тест уредите, а не кај корисници кои платиле за уредот.

Проблемите во главно беа поврзани со можноста за влегување на прашина во делот кај шарката за превиткување, дел којшто останал не доволно заштитен. Имало и такви каде и самите корисници биле „криви“ поради отстранување на заштитната фолија на екранот, мислејќи дека таа треба да се извади.

Како и да е, Samsung најави дека исправките кои биле потребни се завршени и уредот повторно беше најавен дека ќе биде достапен овој месец.

Продажбата на Galaxy Fold веќе е почната, а денес треба да започне во САД. Дел од порталите во САД повторно добија тест уреди и изгледа дека повторно можеме да прочитаме вести за проблеми со екранот.

За среќа, овој пат информацијата доаѓа од само еден портал, а и проблемот не е ист како во претходните случаеви.

Од TechCrunch пријавија дека по само еден ден на користење, тие имаат забележано „испакнување“ на екранот во делот каде што се превиткува. Се работи за мал дел, односно помал од еден сантиметар, истакнуваат од порталот.

Уредот е вратен на Samsung и тие ќе истражат за што се работи, но сепак изгледа дека не би требало да се повтори случајот од минатиот пат.

Од Samsung имаат направено посебно упатство и поддршка каде се објаснува дека Galaxy Fold треба да се користи со поголемо внимание за разлика од другите уреди. Овој уред сепак нема Gorilla Glass, а неговото превиткување лесно може да направи проблем доколку нешто остане на екранот и биде притиснато на него.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаКако технологијата го промени светот во последните 50 години?
Следна статијаWindows 10 ја достигна бројката од 900 милиони уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.