Screen-Shot-2015-08-11-at-11.01.28-PM-640x340

Најголемиот производител на чипови за преносливите уреди, како таблетите и паметните телефони, Qualcomm, го претстави новиот чип Snapdragon 820, кој треба да го врати имиџот загубен со 810-ката, која не само што заостанува на тестовите за перформанси во однос на главниот конкурент Exynos 7420, туку и има проблем со губење на перформансите при загревање на чипот.

За да на се повтори ова, Qualcomm се враќа на користењето на свој дизајн на јадрата за процесорот. Така, наместо осум јадра со A57 и A53 конфигурација, новиот чип ќе има четири Kyro јадра, со архитектура целосно модифицирана од Qualcomm. Новите јадра треба да овозможат голем напредок во перформансите, помала потрошувачка и многу помало загревање. Детални спецификации за самиот процесор се уште нема, но може да очекуваме брзини до 3.0 GHz.

Screen-Shot-2015-08-11-at-5.51.01-PM-640x340

Многу големи подобрувања во новиот чип ќе има и во делот на графиката, односно кај новите Adreno 510 и 530 графички карти, кои ќе имаат 40% помоќни перформанси во однос на претходниците, но и 40% помала потрошувачка.

Исто така, за прв пат во преносните уреди, двете нови графички ќе можат да пуштаат Ultra HD видео со 60 Hz преку HDMI 2.0 излез (сега се ограничени на 30 Hz). Од двете претставени графички, 530-ката ќе биде ексклузивно наменета за моќниот Snapdragon 820, додека 510-ката ќе биде наменета за Snapdragon 618 и 620.

Screen-Shot-2015-08-12-at-12.06.16-AM-640x340

И процесорот и графичката сега ќе имаат можност за 64-bit виртуелно адресирање на меморијата, што ќе придонесе за подобрување на перформансите во 64-битните оперативни системи, програми и апликации.

Покрај зголемувањето на перформансите, новиот чип на Qualcomm ќе донесе и голем скок во процесирањето на фотографиите. Имено, досега Android производителите заостануваа зад iPhone кога е во прашање самото процесирање на фотографијата, и покрај подобриот сензор со повеќе мегапиксели и подобра леќа.

Screen-Shot-2015-08-11-at-11.03.54-PM-640x340

Со Snapdragon 820, ова треба да се промени – вграден е специјален чип кој ќе овозможи многу подобра преработка на шумот и балансирање на острината на фотографијата, со вадење на многу повеќе детали, како и многу подобар HDR мод, кој ќе овозможи подобри фотографии во ситуациите кога има голем контраст на фотографијата.

Чипот ќе овозможи и снимање Ultra HD видео со 60 fps, како и сликање на фотографии 30 фотографии од 25 мегапиксели во една секунда. Исто така, за телефоните со две задни камери (како HTC One M8), чипот ќе овозможи и квази оптички зум, користејќи ги двата сензори.

Screen-Shot-2015-08-11-at-11.16.31-PM-640x340

Сите овие подобрувања се одлични на хартија, но сепак треба да видиме како ќе се пренесат во реалните уреди. Првите телефони со Snapdragon 820 би можеле да ги очекуваме на почетокот од наредната година.

Screen-Shot-2015-08-11-at-11.36.46-PM-640x340

Извор: ARS Technica

Претходна статијаSamsung го објави најголемиот SSD диск со капацитет од 16 TB!
Следна статијаSamsung ги претстави Galaxy Note 5 и Galaxy S6 Edge+